(Видео) Шампионот демонстрираше сила, среде Рим го декласира Лацио

Untitled-2-32.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Актуелниот шампион Интер, во последниот натпревар од 16.коло во Серија, на „Олимпико“ во Рим го демолираше Лацио со 6:0. Со овој триумф Интер дојде до 34 бода, со натпревар помалку заостанува три бода зад водечката Аталанта, додека Лацио остана на петтата позиција со 31 бод.


Натпреварот на „Олимпико“ беше реше во интервал од само 12 минути. Од 41. до 53.минута фудбалерите на Интер постигнаа четири гола.

Серијата ја отвори Чалханоглу од пенал, во последната минута од првиот дел вториот гол го постигна Димарко, а потоа во 51. и 53.минута меѓу стрелците се запишаа Дамфрис и Барела.

Петтиот гол го постигна резервистот Карлос Аугусто во 77.минута, а точка на натпреварот стави Турам во 90.минута.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK