(Фото+Видео) Навас го одигра последниот меч на „Писхуан“ – Севилја ја победи Селта

12690946.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хесус Навас ги одигра последните 70 минути во кариерата на „Рамон Санчез Писхуан“. Соиграчите го почестија со триумф над Селта 1:0. Голот за победа го постигна Хави Буено во 65.минута. Буено, прв пат беше стартер оваа сезона во Примера, а го одигра дветтиот меч за сениорскиот тим.


Натпреварот во Севилја имаше емотивен почеток и крај. Хесус Навас реши да стави крај на кариерата. Официјално во пензија ќе замине наредниот викенд кога Севилја ќе му гостува на Реал.

Вечерва Навас го одигра последниот меч во кариерата пред домашната публика.

Пред почетокот на натпреварот Навас, придружуван од синовите, излезе на теренот, фудбалерите на двата тима му направија шпалир.

На центарот го чекаа сите трофеи што ги освои со Севиља за време на 18-те години во првиот тим (од 2013 до 2017 година играше за Манчестер сити). Навас со Севилај освои четири трофеи во Лига Европа, два трофеи во Копа дел Реј, еден Суперкуп на Шпанија и еден Суперкуп на Европа. Тој е најтрофејниот фудбалер на клубот од Андалузија.

Во кариерата со Шпанија два пати бил европски и еднаш светски првак.

Навас теренот во солзи го напушти во 70.минута, а не можеше да ги задржи емоциите и по завршувањето на натпреварот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK