Регионалната либерална конференција „Кво Вадис Европа 2024 – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ“

IMG-20241212-WA0000
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 14 и 15 декември 2024 година, Либерално демократската партија (ЛДП) во Скопје ќе биде домаќин на Регионалната либерална конференција „Кво Вадис Европа 2024 – Следни чекори во европската интеграција и проширувањето на ЕУ, организирана од Либералната мрежа на Југоисточна Европа (LIBSEEN), со поддршка на АЛДЕ партијата, Европскиот либерален форум (ELF) и Европскиот парламент.

Целта на конференцијата е да се поттикне отворена дискусија за иднината на Европската Унија и улогата на Западен Балкан во процесот на проширување. Настанот ќе служи како платформа за размена на идеи и искуства меѓу либералните лидери, претставници од регионот и високи гости од Европската Унија, со цел заедно да ги идентификуваат следните чекори кон европската интеграција.


Главни говорници на конференцијата ќе бидат Моника Зајкова, претседателка на ЛДП и Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи на Северна Македонија.

Програма на конференцијата вклучува три панели : „Може ли ЕУ да го интегрира целиот Балкан до 2030 година?“, „Обраќање на глобалните конкурентни наративи: Дали ЕУ сè уште е привлечна?“ и „Регион кој брзо се вооружува: Европска одбранбена перспектива“.

Конференцијата ќе обработи клучни прашања како што се глобалната геополитика, проширувањето и реформите во ЕУ, европската безбедност и одбраната.

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK