На ул. „Прилепски бранители“ во Прилеп утрово во 00.05 часот полициски службеници од ОВР Прилеп лишиле од слобода малолетник од Прилеп.
МВР соопшти дека тој бил фатен при извршување на тешка кражба во куќа во Прилеп. Одземеното било вратено на сопственикот, а по целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.