Касами-Рокас: ЕУ секогаш го потврдува своето ангажирање за развојот на општините преку конкретни иницијативи кои имаат за цел подобрување на животот

a58278c9-4d30-49fa-9870-94fe97c9a323.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска, во просториите на Општина Тетово, градоначалникот Биљал Касами, го пречека амбасадорот на Европската Унија, Михаилис Рокас, во рамки на неговите посети на општините во Северна Македонија. Оваа средба е дел од серија ангажмани кои имаат за цел да ги доближат граѓаните и локалните институции со процесот на пристапување во Европската Унија, информираат од општината.


Европската Унија, како што е нагласено во соопштението, секогаш го потврдувала своето ангажирање за развојот на нашите општини преку конкретни иницијативи кои имаат за цел подобрување на квалитетот на животот, промовирање на одржливиот развој и зајакнување на демократските стандарди.

Градоначалникот на Општина Тетово го изрази своето посветување да даде активен придонес во овој процес, носејќи идеи и иницијативи кои имаат директно и позитивно влијание врз секојдневниот живот на граѓаните на Тетово.

„Општина Тетово му заблагодари на амбасадорот Рокас за посетата и неговата континуирана поддршка во изградбата на мостови на соработка помеѓу Европската Унија и локалните заедници. Во овој дух на соработка и заедничка визија, Тетово чекори кон посветла европска иднина како дел од европското семејство“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK