Повторно, некој на илјадници километри далеку од овде јасно гледа корупција која нашите институции не ја гледаат, иако цело време им била пред носот.
Затоа утре кога после децениска хибернација ќе започнат постапки против Груби, наместо да ги фалите институциите поставете го вистинското прашање: Каде беа досега и што работеа?
Случајот со Мерко нѐ учи дека до моментот дури не беше ставен на истава листа, беше под чадорот на Јовески и неговите измеќари од Вишото обвинителство во Битола. На наведените, фала на прашање, сеуште не им фали ништо. Нема да му фали ниту на Мерко бидејќи го обвинаа за дела кои беа застарени уште во моментот на обвинување.
Прашањето кое го поставувам овде и сега е:
Дали имате претстава за бројот на преткривични и кривични постапки против “елитата” на ДУИ кои свесно се застарени изминативе години пред скопското Вишо обвинителство?
Колку постапки се заташкани во ОЈО за организиран криминал?
Затоа е дегутантно медиумското внимание кое му се дава на она смешно суспендирано обвинителче со скромен вокабулар кој треба да пелтечи во истрага, а не пред медиуми.