Perplexity Pro – една од најнапредните AI алатки за пребарување, достапна бесплатно една година за сите Телеком корисници

800x500
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сите корисници на Македонски Телеком отсега ќе можат да ја користат Perplexity AI, една од најнапредните алатки за пребарување базирана на вештачка интелигенција без дополнителен надомест во период од една година. Алатката може да се активира преку Magenta Moments, до крајот на јануари, 2025 година.

Што е Perplexity


Perplexity AI е софистицирана алатка базирана на вештачка интелигенција, дизајнирана да обезбеди брзи, прецизни и релевантни одговори на сите прашања. Апликацијата овозможува пребарување во реално време, истражување на сложени теми, како и креирање на квалитетни содржини. Perplexity е доверлив партнер за оптимизирање на знаењето и продуктивноста.

 

https://youtu.be/N0uf5fy9eso?si=RPerGRPmbqKiOM8p

 

Со ексклузивната празнична понуда на Македонски Телеком, корисниците ќе имаат можност да ја добијат без никаков надомест напредната верзија на оваа услуга, Perplexity Pro која е со редовна годишна претплата од 200 долари. Perplexity Pro вклучува моќни функционалности достапни и на македонски јазик.

Верзијата Pro нуди повеќе извори и служи како личен асистент за истражување на тој начин што ги разбира намерите за пребарување и ги разложува прашањата на повеќе пребарувања за да обезбеди посигурни и поприлагодени одговори. Ги користи најнапредните AI модели на пазарот, како што се: GPT-4o, Claude 3.5 Sonnet и Haiku, бета верзија на Grok-2 и Sonar базиран на Llama 3.1 развиен од Meta.

Како се активира

Сите корисници на Македонски Телеком може да ја активираат Perplexity Pro преку Magenta Moments до крајот на јануари, 2025 година. Понудата се активира во Magenta Moments со отклучување на промотивен код којшто овозможува 12 месечна претплата на Pro верзијата без дополнителен надомест.

Вештачката интелигенција е голем тренд и веќе има широка примена. Со Perplexity, Телеком им овозможува на корисниците едноставен и сигурен пристап до новите технологии.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK