Вчера во 17.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од булеварот „Јане Сандански“ и сервисна улица во Скопје, патничко возило „мицубиши колт“ со светиниколски регистарски ознаки, управувано од 71-годишниот Љ.Т., излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, а со телесни повреди се здобиле неговите двајца малолетни сопатници од Скопје и уште една сопатничка В.Т.(64) од Свети Николе, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.