Делегација на Општина Струмица присуствуваше на празнувањата и одбележувањето на патрониот празник на градот Кукуш

468814992_986730110144993_1964882946851747905_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Како дел од меѓународната соработка на Општина Струмица, на покана на градоначалникот на Општина Кукуш, Грција, г. Димитрис Киријакидис, на 28 ноември 2024 година, делегација на Општина Струмица присуствуваше на празнувањата и одбележувањето на патрониот празник на градот Кукуш, „Светите Петнаесет свештеномаченици“, според Грегоријанскиот календар.

Делегацијата беше предводена од г. Ице Беличев, Советник во Општина Струмица, заедно со претставници од Одделението за меѓународна соработка и европски фондови. Во рамките на посетата, делегацијата учествуваше во програмата за одбележување на празникот, која вклучуваше културни настани што ја истакнуваат богатата историја и традиции на градот Кукуш.
Претставниците на Општина Струмица присуствуваа на културен настан, која ги обедини локалните културни дејци, музички ансамбли и групи, како и поети од регионот на Кукуш.


Програмата вклучуваше музички и поетски перформанси, како и историски осврти за културното наследство на градот. Овие активности ја нагласија важноста на меѓународната соработка и културната размена помеѓу двете општини.

The post Делегација на Општина Струмица присуствуваше на празнувањата и одбележувањето на патрониот празник на градот Кукуш appeared first on Општина Струмица.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK