Битолскиот градоначалник Коњановски на терен со зимската служба во Битола


konjanovski_234242342
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, вечерва е на терен заедно со екипите на зимската служба кои активно работат на расчистување на снегот од патиштата во повисоките села на општината.

„Во моментот зимската служба ќе пристапи кон чистење на селата кои се наоѓаат на повисоките места во Битола. Екипите ќе бидат цела вечер на терен,“ изјави Коњановски.Со оглед на обилните врнежи од снег, локалната самоуправа ја активираше зимската служба со цел да обезбеди пристапност до сите населени места, особено до оние кои се соочуваат со потешкотии поради неповолните временски услови.


Градоначалникот потенцира дека општината е подготвена да се справи со снежните услови, а службите остануваат во состојба на постојана мобилност додека трае потребата.

Жителите на повисоките села во Битола ги поздравија напорите на екипите и локалната власт за брзата реакција и ангажманот за одржување на проодноста на патиштата

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK