Одговарајќи на прашањето за новите автобуси во Скопје, премиерот Христијан Мицкоски нагласи дека парите ги нема во овој буџет затоа што истите сега ќе се купат, а отплатата ќе почне во 2028 година.
„Нема да ги видите парите во овој буџет за новите автобуси затоа што ќе бидат купени, а обврските ќе почнат да доспеваат февруари-март 2028 година, во тој буџет во 2028 ќе ги видите, затоа што условот за да влеземе во овој процес е да има најмалку 3 години грејс период и отприлика 100 до 120 автобуси можеме да си дозволиме и тие нема да завршат само во Скопје, туку и во другите градови каде има организиран јавен превоз, најголемиот дел ќе се во Скопје, ние сме влада на цела држава. Ако биде сè како што треба до крај на оваа година очекувам тендерот да биде објавен, сè ќе биде врз основа на законите“, изјави премиерот Мицкоски.
Во однос на депониите премиерот Мицкоски потенцираше дека во моментот се одглавени 5 милиони евра за Дрисла од ЕУ заглавени од време на СДСМ.
„Во моментот тече тендерот за депонија во Свети Николе финансирана од ЕУ. За години од денеска ќе речат дека е добро затоа што тоа ќе го реши проблемот од Берово и Куманово, отпочнат е процесот за депонија во Новаци и тоа ќе го реши проблемот од Дебар до Битола и Новаци. Недостасува само обиколницата околу Ресен која ќе ја решиме за да не поминуваат камионите во градот, особено не кога има берба на јаболка“, изјави Мицкоски.