(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

GddRNeUW4AA0oXb.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи дека станува збор за напад со руски крстаречки проектил.


„Енергетската инфраструктура повторно е цел на масовен непријателски напад“, напиша на Фејсбук украинскиот министер за енергетика Херман Халушченко.

„Непријателот продолжува да го напаѓа Харков со проектили“, напиша градоначалникот Ихор Терехов на апликацијата за пораки Телеграм.

Гувернерот на регионот Одеса, Олех Кипер ги повика жителите да останат во засолништа.

Експлозии во Киев

Главниот град на Украина, Киев, исто така беше под руски ракетен напад, а жителите се разбудија од многу силни експлозии.

Киев трпеше напади со беспилотни летала речиси секоја ноќ од октомври, но овој последен напад беше поинаков бидејќи вклучуваше и проектили.

Кога има масовни ракетни напади врз украинските градови, поголемиот дел од инфраструктурата е нарушена.

Сообраќајот е во прекин, децата не одат на училиште, а во Киев има и вонредни прекини на струја, за кои не се знае колку ќе траат.

Украина е многу зависна од генератори за индустријата, училиштата, болниците, целата критична инфраструктура, како и домаќинствата.

Сите проектили насочени кон Киев се соборени, тврдат Украинците

Сите проектили и беспилотни летала користени од Русија за напад на Киев беа пресретнати и соборени, но остатоците предизвикаа мала штета, соопшти градската воена управа.

Според нив, нападот траел цела ноќ.

Нападната беше и Одеса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK