ВМРО – ДПМНЕ одби уште два амандмани на СДСМ, со кој се бараат средства за изградба на локален пат во демирхисарскиот регион, кој ќе биде од значење за населението, но и за развој на туризмот во земјата, информираат од СДСМ.
– СДСМ бара да се обезбедат средства за изградба на локален пат од населено место Сопотница до манастирот „Св. Атанасиј“ во општина Демир Хисар. Овој манастир, не е само религиозно, туку е и културно и туристичко наследство, не само за локалното населението, туку и за Македонија. Исто така да се издвојат средства и за реконструкција на локалниот пат од Слепче до манастирот Св. „Јован Претеча“ и ова е важно за да се подобри пристапот до овој манастир но и за развој на туризмот во овој крај“, рече пратеникот на СДСМ, Митко Трајчулевски, комисијата за финансирање на буџет.
Покрај овој амандман, како што истакнува Трајчулевски, беше предложен и амандман за реконструкција на локален пат во населено место Смилево, Демир Хисар, за подобрување на условите за живот на граѓаните, особено што Смилево, има историско, туристичко и културно значење за нашата држава.