Алек Ѓорѓиевски, млада надеж во македонскиот 3×3 баскет

9-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Алек Ѓорѓиевски кој роден 20.11.2000 во Скопје на 9 години почнува да тренира кошарка во клубот “Соколи Карпош”. За две години преминува во клубот “КК Вардар” под водство на тренерот Владимир Мирковски, каде што игра до 14 години. Од “КК Вардар” добива понуда да игра за “ШКК Звездара” под водство на тренерот Стефан Коканович во Србија-Белград, каде игра четири години.


Додека игра за “ШКК Звездара” присуствува во младинска репрезентација на Македонија. Од ШКК Звездара преминува во “КК Куманово 2009” каде игра една сезона и потоа се одлучува да почне да игра 3×3 Баскет. Започнува во екипата “Solution X3” благодарение на Бојан Борисовски, Стефан Трајковски и Огнен Ивановски, каде што учествува на Македонски и интернационални турнири во: Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија.

По извесен период е повикан од Македонската репрезентација 3×3 на селективни тренинзи. Во меѓувреме приметен е од повеќе екипи од Р.Србија, каде и го повикуваат да игра за нив.

Во следниот период игра и за дел од нив, 3×3 Palkis на повик од Драган Потич, 3×3 Atlantic, 3х3 Избачени Ван Рекета, 3×3 KG Wild Boars на повик од Златан Оманович.

Во иднина се гледа да учествува на турнири на високо ниво како што се World Tour и Challenger.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK