Jамал ​​за полнолетството ќе биде награден со првиот професионален договор во кариерата

341596.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ламин Јамал, официјално најдобриот млад фудбалер во светот, полнолетен ќе стане на 13.јули наредната година. Барселона веќе има подготвено договор, во кој отпкупната калузула ќе биде една милијарда евра.


На „Камп Ноу“ се свесни за интересот на другите клубови за Јамал. Медиумите објавија дека минатото лето ПСЖ понудиле 250 милиони евра. Поради тоа во клубот веќе имаат подготвен договор, а условите биле прифатени од Ламин Јамал и неговиот менаџер.

Јамал ќе добие нов, шестгодишен договор, но не се откриваат деталите поврзани со платата и бонусите.

Крилниот напаѓач и оваа сезона игра фантастично. На 16 натпревари во сите натпреварувања, постигна шест гола и додаде осум асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK