Поранешен советник на Путин: Воените сили на САД и Велика Британија се легитимни цели за Русите

ruska-vojska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот советник на Путин, Сергеј Марков изјави дека САД директно се вклучиле во војната со тоа што дозволиле истрелување ракети со долг дострел на руска територија.


„Џо Бајден сака да ги блокира обидите на Доналд Трамп да склучи мировен договор кога ќе биде инаугуриран за претседател“, изјави Марков за Sky News.

Тој додаде дека ако Украина ги употреби британските ракети со долг дострел, познати како Storm Shadow, против Русија со учество на британски офицери, цел ќе стане и британската војска, но и американската.

„Ако САД и Велика Британија сега директно учествуваат во војната против Русија, тоа значи дека армиите на САД и Велика Британија стануваат легитимни цели на руската армија“, рече тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK