Поп-ѕвездата Гвен Стефани (55) се прошета по улиците на Њујорк, а нејзиниот аутфит и младешкиот изглед привлекоа внимание.
Стефани за оваа пригода се одлучи за кафени тонови и комбинираше кафена кожна јакна, мини здолниште и карирана кошула и кафени чизми.
Според Форбс, Стефани напорно работи на својот петти студиски албум. Нејзината врска со кантри ѕвездата Блејк Шелтон е инспирација за новиот албум наречен Bouquet. Тоа го потврдуваат сингловите како Somebody Else’s и Swallow My Tears.