(Видео) Англија со „петарда“ го потврди првото место, Словенија освои бод во Австрија и ја „турна“ Норвешка во А дивизијата

12634411.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Заврши Лигата на нации во Б дивизијата. Англија ја декласира Ирска, а Норвешка Казахстан, Грција рутински победи во Финска, а Словенија освои бод во Австрија.


Англија со комбиниран тим (голем број играчи му откажаа на селекторот Ли Карсли) се мачеше со Ирска се до 51.минута кога Скалс доби црвен картон. Голот од пенал на Кејн во 53.минута ги раздвижи Англичаните, кои до 58 минута постигнаа уште два гола, преку Гордон и Галагер. На 4:0 зголеми Бовен, а точка на натпреварот стави младиот Хорвуд Белис.

Фудбалерите на Грција ја победија Финска со 2:0 на гостувањето во Хелсинки. Исто како и во Лондон, во првото полувреме немаше голови, а грчката репрезентација во вториот дел обезбеди победа и полуфинале во Лигата на нации.

Победа на Грците од 2:0 им донесоа Бакасетас, кој го постигна првиот гол во 52. минута и Колис во 56. минута.

Фудбалерите на Словенија ремизираа со Австрија 1:1, а тоа значи дека немаат шанси за полуфинале од оваа група, наместо тоа ќе се соочат со бараж за опстанок во Б дивизијата против Ирска која загуби од Англија.

За да го избегнат плеј-офот мораа да ја победат Австрија, но не успеаја во тоа.

Стрелец на водечкиот гол за Австрија беше Шмид во 27. минута од натпреварот и се чинеше дека тој гол ќе им го обезбеди првото место на Австријците.

Но, во 81. минута Церин израмни и на тој начин им овозможи на Норвежаните да го освојат првото место и пласман во А дивизијата.

Норвешка го демолираше Казахстан со 5-0. Халанд постигна хет-трик, а по еден гол постигнаа Сорлот и Нуса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK