Ѓорѓиевски: Спорот кој граѓаните од улицата „Народни херои“ го имаа со ЕСМ Топлификација е надминат

Orce.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Спорот кој граѓаните од улицата „Народни херои“ го имаа со ЕСМ Топлификација, сега е надминат, објави градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски.


„Денес во мојот кабинет ги повикав граѓаните кои денес го изразија своето незадоволство преку мирен протест, а во врска со проблемот околу ископувањето на ЕСМ за приклучоци на домаќинствата на топлинска мрежа. На разговор го повикав и директорот Петар Милетиќ за и тој да го слушне она што имаат жителите на таа улица да го кажат. Излеговме на терен, на лице место да извршиме увид во работните активности и да најдеме заедничко решение кое ќе биде прифатливо за сите. Директорот Милетиќ ќе ја забрза динамиката на работа сѐ со цел побрзо да се направи приклучокот, а пристапот на жителите до своите домови нема да им биде оневозможен! Извршувањето на секојдневните активности во ниту еден момент нема да им биде попречено. Во наредниот период ќе бидат и во постојана комуникација за да нема повеќе вакви или слични ситуации. За мене најважен е мојот народ и затоа не постои проблем кој не можеме да го решиме, доколку делуваме заедно“, напиша Ѓорѓиевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK