Директорот на БЈБ ја посети Единицата за интервентна полиција

BJB.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев заедно со својот тим, денеска, беше во работна посета на Единицата за интервентна полиција, ЕВР и ПС Ѓорче Петров и ЕВР и ПС Карпош при СВР Скопје, за да се информира за состојбата и функционирањето.


Како што соопштија од МВР, при посетите на одржаните работни состаноци со раководствата директорот Јанев се информирал за тековните активности на овие служби, нивните проблеми, потреби како и предизвиците со кои се соочуваат во текот на нивното секојдневно работење.

 

-На припадниците на Интервентната полиција им изрази посебна благодарност за нивните досегашни решителни и храбри интервенции во критични и ризични ситуации и ги охрабри силно да продолжат со нивната пожртвувана и посветена работа во превенирање на ризици, брзи, ефикасни и професионални акции со цел намалување на криминалот и осигурување на мирот и безбедноста на граѓаните во градот Скопје. Покрај ова на сите колеги со кои денес се сретна директорот Јанев им порача да работат со силен интегритет, почит и достоинство, се наведува во соопштението.

Воедно, се најавува дека во иднина ваквите посети ќе станат редовна пракса за увид во работењето и функционирање на сите служби кои се под надлежност на Бирото за јавна безбедност.

 

– Целта на овие посети и средби е подобрување на условите за работа и создавање на функционална полиција која ќе биде во служба на граѓаните и спроведување на законот кој еднакво важи за сите. Безбедноста на граѓаните е наш приоритет. Исклучиво важно е сите полициски службеници да се водат од правилото дека полицијата служи, а не владее, стои во соопштението од МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK