Гаши: Толеранцијата е една од врвните човекови особини

1-22.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Собранието се одбележа Меѓународниот ден на толеранцијата, преку работилница за деца од повеќе училишта и од различна етничка, културна и верска припадност. Тие креираа пораки за толеранција, преку кои порачаа пообединето, мирно и заедничко општество.


На настанот присуствуваа претседателот на Собранието, Африм Гаши и генералната секретарка на Собранието, Марина Димовска.

Во своето поздравно обраќање претседателот Гаши истакна дека овој настан е можност преку децата да се испрати порака до сите граѓани дека толеранцијата е една од врвните човекови особини, која сите треба да ја поседуваме. Како држава да бидеме среќни што имаме различни групи и различноста да ја гледаме како убавина затоа што разликите ги прават работите убави. Да ги почитуваме сите, без никаква разлика, јазична, религиска, социјална. Пред сѐ да сме луѓе, порача Гаши, затоа што човечноста е најголемата вредност, а љубовта е највисокиот степен на човечноста. Тој апелираше со толеранција и љубов, заеднички да ја издигнеме државата на повисоко ниво.

Меѓународниот ден на толеранцијата се слави на 16 ноември секоја година, со цел да се зајакне и подигне јавната свест за толеранцијата, почитта и разбирањето меѓу луѓето од различните потекла и култури. Денес се испраќаат пораки за градење мирни и инклузивни општества, се промовираат разбирањето, емпатијата и дијалогот, наспроти предрасудите, дискриминацијата и стереотипите. Толеранцијата е клучен фактор за одржување на мирот, за економскиот и социјалниот напредок. Таа е политичка, правна и морална должност за заштита и зачувување на човековите права.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK