(Видео) Полицијата се судри со демонстрантите кои се обидоа да влезат во парламентот во Абхазија

Screenshot-2024-11-15-142724.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Приврзаниците на опозицијата и полицијата во Абхазија денеска се судрија кога демонстрантите се обидоа да упаднат во парламентот во главниот град Сухуми.


Полицијата формираше кордон за да ги спречи демонстрантите да продолжат кон зградата, откако ја урнаа оградата во близина на парламентот.

Во близина на зградата се слушнале звуци слични на истрели, пренесува РИА Новости.

Демонстрациите избија откако парламентот го откажа разгледувањето на ратификацијата на инвестицискиот договор со Русија, што беше закажано за тој ден.
На таа одлука жестоко реагираше опозицијата, сметајќи дека одложувањето е чин на политичка отстапка под руски притисок.

Иако беше одлучено дискусијата да се одложи за следната недела, демонстрантите најавија дека немаат намера да се разотидат, а тензијата во главниот град ескалира, стои во написите.

Договорот, кој беше потпишан на 30 октомври во Москва, им овозможува на руските компании да инвестираат во Абхазија, која се соочува со сериозни економски предизвици, посочува агенцијата.

Шефот на комисијата за меѓународни односи на парламентот на Абхазија, Алкас Барциц, претходно изјави дека Абхазија, со оглед на нејзините економски тешкотии, нема да може да најде средства за обнова на клучните сектори во економијата без помош од Русија.

Протестите започнаа претходно оваа недела, кога беше усвоен законот за инвестициите на руските компании во Абхазија.

За време на овие протести имаше и судири со полицијата при што беа уапсени неколку опозициски активисти.

Како одговор, опозицијата блокираше три моста што водат кон Сухуми, но протестот беше прекинат откако приведените демонстранти беа ослободени на 12 ноември.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK