Актерот Чад Мајкл Мареј, се фотографираше за календар за „Нетфликс“ и остави малку простор на имагинацијата.
На сите фотографии актерот позира без маица.
„Ако не можеме малку да се забавуваме на работа, што е поентата? Календарско време е“, гласи објавата на Чад на своите социјални мрежи.
Календарот на интернет се продава за 58 евра, а фотографиите беа објавени од страна на „Нетфликс“.