Хрватскиот премиер, Андреј Пленковиќ го разреши министерот за здравство, Вили Берош, кој утрово беше уапсен.
„Премиерот го разреши Вили Берош од министерските должности. Тој ја назначи Ирена Хрстиќ за државен секретар кој раководи со Министерството за здравство до стапување на функцијата новиот министер“, соопштија од хрватската влада, пренесе „Индекс“.
Хрватската полиција утрово во акција по наредба на Одделот за сузбивање на корупцијата и организиран криминал (УСКОК) го уапси министерот за здравство Вили Берош, јавија хрватските медиуми.
Станува збор за финансиски малверзации со набавка на микроскопи.