Приведен хрватскиот министер за здравство, истрага и за познат доктор

hrvatska-minister.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хрватската полиција утрово во акција по наредба на Одделот за сузбивање на корупцијата и организиран криминал (УСКОК) го уапсила министерот за здравство Вили Берош, јавуваат хрватските медиуми.


Според неофицијални информации, уапсен е и директорот на Клиниката за неврохирургија.

Станува збор за финансиски малверзации со набавка на микроскопи.

Од УСКОК ја потврди акцијата.

„Апсењата и спроведувањето на итните доказни дејствија се резултат на истрагите кои претходно ги спроведе УСКОК. Наведените дејствија се вршат на подрачјето на Загреб и Скрадин во врска со повеќе лица, од кои едното е висок државен функционер, а за кои постои основано сомнение дека сториле коруптивни кривични дела. По распитот на осомничениот УСКОК ќе донесе одлука за понатамошно постапување по предметниот случај за што навремено ќе ја информира јавноста“, соопшти УСКОК.

Познатиот загрепски адвокат Љубо Павасовиќ Вишковиќ за Јутарњи потврди дека директорот на Клиниката го ангажирал како бранител, но не сакаше да коментира зошто неговиот клиент е уапсен.

Претходно државниот секретар во Министерството за здравство Томислав Дулибиќ во емисијата на хрватското радио „Полиграф“ изјави дека не знае зошто полицијата упаднала во куќата на министерот Берош.

Полицијата утрово изврши претрес на адресата на министерот Берош.

Според првите информации, освен министерот, цел се и неколку високи лекари, меѓу кои и директори на некои болници.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK