Подготвени сме да се соочиме со гласачите, велат од ДУИ барајќи предвремени избори

ahmeti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Политичката партија ДУИ и утрово се осврна на повикот за предвремени избори, заедно со локалните, коментирајќи дека тоа не е само политичко барање, туку демократска можност сите страни да ја потврдат довербата од граѓаните, особено во време на криза на легитимитет.


„Ние сме подготвени да се соочиме со гласачите и да се вклучиме во транспарентен процес кој ја рефлектира волјата на секој граѓанин. Во вакви времиња, граѓаните заслужуваат лидери кои не ги избегнуваат предизвиците на демократијата, туку ги прифаќаат со отворено срце. Ние сме тука, подготвени и уверени во мандатот што ни го довери народот“, велат од ДУИ.

Како што нагласуваат, предвремените избори заедно со локалните нудат две значајни предности за државата и граѓаните: доколку парламентарните избори се одржат истовремено со локалните во октомври, тогаш во 2029 година за првпат ќе имаме можност на ист ден да се одржат три изборни процеси (претседателски, парламентарни и локални). Ова ќе резултира со значителни заштеди за државниот буџет и поефикасна организација на изборите; четири години целосна стабилност без изборни процеси – со одржување на изборите сега, државата ќе има целосен четиригодишен период на стабилност до 2029 година, без одвлекување на вниманието од изборни кампањи или процеси. Овој период ќе овозможи целосен фокус на економскиот развој, структурните реформи и долгорочните агенди за напредок на државата, велат од ДУИ.

Интегративците порачаа дека се подготвени, а време е и другите да ја покажат својата подготвеност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK