Меѓу жртвите во несреќата во Кина нема странски државјани кога возило налета на пешаци и уби 35 лица

5-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека меѓу жртвите нема странски државјани во несреќата што се случи во вторникот во кинескиот град Жухаи, кога возило налета на пешаци.


Портпаролот на министерството Лин Џијан на денешната прес-конференција рече дека „кинеската влада презела и ќе продолжи да презема ефективни мерки за да ги обезбеди животите на граѓаните и социјалната стабилност“, пренесе Ројтерс.

„Како и секогаш, Кина сериозно ќе ги заштити сите странци во Кина, како и кинеските и странските претпријатија“, додаде портпаролот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK