Јапонија, Јужна Кореја и САД започнаа голема воена вежба во Источното Кинеско Море

1-11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Јапонија, Јужна Кореја и САД денеска почнаа заедничка воена вежба во Источното Кинеско Море и неговата околина, со учество на американски носачи на авиони и јужнокорејски и јапонски борбени авиони и бродови, соопшти јапонската војска.


Вежбата Freedom Edge се одржува по втор пат, откако во јуни беа одржани големи воени маневри под ова име и има за цел да ја демонстрира „силната волја“ на трите земји во одбраната на регионот, истовремено промовирајќи ја нивната интероперабилност во воздушната одбрана, поморскиот и сајбер доменот, соопшти Генералштабот на јапонската армија, пренесува Kyodo.

Планирано е вежбата да трае три или четири дена, изјави јапонски воен претставник.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK