Автоматски пушки и муниција пронајдени во селото Грешница, поведена истрага

pushki.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Основното јавно обвинителство Кичево донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице од селото Грешница за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи.


Во простории во сопственост на друго лице, а кои ги користел осомничениот, полицијата извршила претрес и пронашла поголемо количество оружје, делови и компоненти од огнено оружје и муниција – три автоматски пушки, 188 куршуми со калибар за автоматска пушка, една ловна пушка и 10 ловни патрони, како и една пушка – двоцевка.

Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност од бегство, можност осомничениот да го повтори делото, како и можност да влијае врз сведоците во постапката, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Кичево достави предлог за определување мерка притвор. Предлогот е прифатен и на осомничениот му е определен притвор во траење од 30 дена.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK