КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “ СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

Sv.KlimentOhridski_2019.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Врз основа на член 16 и 18 од Одлуката за доделување општински награди и признанија бр.07-3394/6 од 28.10.2011 година, градоначалникот на Општина Охрид распишува:


 

КОНКУРС
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ „СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“

 

По повод 8-ми Декември – „Св. Климент Охридски“-градоначалникот на Општина Охрид распишува Конкурс за доделување на општинската награда – Патрон на градот „Св.Климент Охридски” за 2024 година.

Наградата се доделува за животно дело, односно долгогодишни остварувања и врвни достигнувања во сите области од општествениот живот кои се од особено значење за Општина Охрид  и кои имаат голем придонес во нејзиниот развој, напредок и севкупна афирмација во Република Македонија и светот.

Право на учество на Конкурсот  имаат установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и поединци.
Во пријавата треба да се достави кратка биографија и образложение за какви остварувања и придонес станува збор.
Исто така, кон пријавата потребно е да се достави и најмалку една препорака од релевантна институција или истакнат поединец од областа за која се конкурура.
Наградата „Патрон на градот “Св. Климент Охридски” се доделува на еден добитник само еднаш и истата не може да се дели меѓу повеќе добитници.
Конкурсот трае 15 календарски дена сметано од денот на објавувањето.
Пријавите кои ќе бидат доставени по истекот на рокот нема да се разгледуваат.
Пријавите да се достават на адреса: ул. „Димитар Влахов” бр.57, за градоначалник на Општина Охрид (со назнака: ЗА КОНКУРС ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ”).

 

ОПШТИНА ОХРИД
Градоначалник,
Кирил Пецаков

 

 

 

The post КОНКУРС ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ОПШТИНСКА НАГРАДА – ПАТРОН НА ГРАДОТ “ СВ.КЛИМЕНТ ОХРИДСКИ“ first appeared on Ohrid.gov.mk.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK