Мајка на три деца ослабе 30 килограми за 6 месеци: 20-минутна рутина и го промени животот

rachael-sacerdoti-5-620x350.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рејчел Сакердоти (44) од Лондон постигна фантастичен резултат бидејќи за само половина година успеа да ослаби 30 килограми! Оваа мајка на три деца тежела 90 килограми по третото породување и раѓањето на нејзината најмлада ќерка, што била последната капка и ја ставила Рејчел во незавидна положба.


Тогаш решила дека мора да се движи и почнала да го менува својот животен стил. Нејзините стапала биле поголеми од вообичаеното и отечени кога одела.

Видела дека се губи себеси и признала дека не се препознава.

– Навистина се трудев да водам здрав живот, но никогаш го немав потребното знаење за тоа што се балансирани оброци, а не готвев многу за себе, рекла Рејчел, која вели дека имала многу лоши навики во исхраната.

Рејчел живеела на шеќер и јаглехидрати, а ниту еден од тие оброци не содржел протеини. Во исто време, таа постојано грицкала бел леб, џем и пржена храна, пишува „Дејли мејл“. Кога решила неколку пати да го промени начинот на исхрана, сакала резултати веднаш и сега, а дури на 40 години сфатила дека и претстои долг пат.

Таа откри дека вовела по 20 минути вежбање секој ден дома, па така развила фитнес рутина и успеала да ослабне килограм неделно. Покрај тоа, таа го променила начинот на исхрана и почнала да оди секој ден. Со оваа рутина таа за шест месеци успеа да ослабе 30 килограми.

Тоа и ја врати самодовербата и за прв пат почувствува дека знае што прави. Покрај тоа, ова позитивно се одрази и на нејзиното семејство, кое сега поинаку гледа на здравјето.

– Сега нашата исхрана е повеќе фокусирана на протеини и не се потпираме на преработена или замрзната храна. Јадеме претежно локална храна. Сакам моите деца да знаат за урамнотежена исхрана. Дозволено им е да јадат се, но умерено – изјавила Рејчел.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK