Од Generali Investments до НЛБ Фондови Скопје. Почеток на нова приказна и неограничени инвестициски можности

_OGI2818
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 06.11.2024 – Компанијата НЛБ Фондови Скопје, вчеравечер во хотелот Хилтон во Скопје, организираше настан со кој ја озваничи промената на името од Generali Investments во НЛБ Фондови АД Скопје. Ова доаѓа како резултат на промената на сопственоста која се случи кон крајот на мај годинава, кога по добивањето на сите релевантни одобренија НЛБ Склади управување со средства, д.о.о. успешно го заврши преземањето на Генерали Инвестментс АД Скопје.

Настанот беше посветен на соработниците, партнерите и инвеститорите, истовремено истакнувајќи ги новите можности кои компанијата ги носи на пазарот и нејзината посветеност кон создавање дополнителна вредност за клиентите и пошироката заедница.


„Ова преименување претставува значаен чекор кон зајакнување на нашата позиција на пазарот. Како НЛБ Фондови Скопје, ќе продолжиме да обезбедуваме врвни услуги за управување со средства, потпирајќи се на богатото искуство и експертиза на нашиот тим. Наша цел е да им понудиме на клиентите, иновативни и инвестициски производи кои одговараат на нивните финансиски потреби и цели“.истакна по повод ребрендирањето на компанијата, Лазе Камчев, Главниот извршен директор на НЛБ Фондови Скопје.

Новиот сопственик на компанијата, НЛБ Склади, управување со средства, д.о.о. започна со работа на 1 јануари 2004 година. Таа е во 100% сопственост на Нова Љубљанска банка д.д. Љубљана. Денес, НЛБ Склади е најголемата компанија за управување со фондови во Словенија, како и најголема компанија за управување со средства според вкупните средства под управување. Долги години компанијата ја одржува својата водечка позиција на пазарот на инвестициски фондови (40,2% пазарен удел на последниот ден од септември) и постојано остварува најголем удел од приливите, а воедно е и компанија на која и веруваат голем број Словенци.

„Во НЛБ Групацијата веруваме во развој на инвестициски производи во регионот на Југоисточна Европа. Северна Македонија е особено интересна во овој поглед, бидејќи пенетрацијата на инвестициските производи е многу мала, од друга страна, пазарот е доволно развиен и приемчив на ваква понуда, затоа гледаме и многу можности за раст“ – изјави во мај годинава по аквизирањето Лука Подлогар, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Фондови Скопје.  По повод ребрендирањето, вчеравечер на настанот, тој додаде: „Сега и официјално започнува нова приказна и ново поглавје за нашата компанија, обединувајќи два тима со заеднички вредности и длабока посветеност на финансискиот успех на нашите клиенти. Нашата експертиза и иновативен пристап ќе ни овозможат да испорачаме врвна услуга, да создадеме трајна вредност за нашите инвеститори и да им помогнеме да ги остварат своите финансиски цели.“

НЛБ Фондови Скопје управува со 4 типа на инвестициски фондови: акциски, обврзнички, комбинирани и парични фондови. Разновидноста на понудата му овозможува на секој инвеститор да го избере производот што најмногу одговара на неговите преференции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK