Ѓорче Петров добива нов модерен спортски терен во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“

Спортски-терен-1-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Ѓорче Петров ја стартуваше следната серија реконструкција на спортски терени, овојпат на фудбалското игралиште во ООУ „Димитар Поп Георгиев Беровски“, кое сега ќе добие нова тартан подлога, која ќе овозможи уште подобри услови за спорт и рекреација на учениците.


„Во дворот на ова училиште изградивме и целосно ново школско фудбалско игралиште со нова подлога од вештачка трева, по сите современи стандарди за училишен и рекреативен спорт. Истото, партерно го уредивме со што го заокруживме процесот на негова изградба.

Продолжуваме со интензивна реконструкција на игралиштата и веќе во наредниот период ќе започнеме со обновување на игралиштата во ООУ „Мирче Ацев“ и ООУ „Страшо Пинџур“.

Во рекордно време успеавме да обновиме неколку игралишта, а ова е само почеток. Наша цел е да ги подобриме условите за сите ученици и да обезбедиме простор за спорт, активен живот и здравје“, соопшти општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK