Фудбалерот на Хал Сити, Оскар Замбрано е суспендиран поради прекршување на антидопинг правилата на Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ).
Замбрано и неговите адвокати ќе се жалат на одлуката, се наведува на веб-страницата на Хал Сити.
Замбрано (20) во август годинава дојде во Хал Сити како позајмен од еквадорскиот ЛДУ Кито, а оттогаш одигра осум натпревари и постигна еден гол за англискиот клуб.
„ЛДУ Кито ќе продолжи да го поддржува играчот во овој случај и убедени сме дека тоа ќе биде решено на најдобар начин“, се вели во соопштението на еквадорскиот клуб.
Хал Сити, кој стигна до финалето на ФА Купот во 2014 година, се наоѓа на 15. место на табелата во англиското првенство со 15 бодови.