Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков денеска изјави дека Русија ги осудува претседателските избори во Молдавија како нефер бидејќи стотици илјади Молдавци кои живеат во Русија немаат право на глас, додека на молдавските граѓани кои живеат на Запад им било дозволено да гласаат.
„Тоа не може да не влијае на изборните резултати, кои во исто време не можат да се сметаат за фер“, изјави Песков, наведувајќи дека изборната кампања во Молдавија не може да се нарече демократска и фер, пренесе Интерфакс.
Песков истакна дека мнозинството Молдавци не гласале за Маја Санда, која беше реизбрана на претседателските избори во неделата, велејќи дека тоа го поткопува нејзиниот легитимитет.