(Видео) Петрушевски: Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ја преиспитаат одлуката за назначување на новите членови во УО на Академијата за судии и јавни обвинители

Петрушевски-5.11.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители со упадот во Академијата за судии и јавни обвинители уште еднаш покажаа зошто народот нема доверба во правосудството, истакна на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.


„Наместо да назначат за членови на УО на Академијата судии и јавни обвинители, тие назначија свои членови.

Судскиот совет и Советот на јавни обвинители го прекршија законот, а притоа назначија и луѓе блиски до СДС.

Како од стотици судии Советот на јавни обвинители и Судскиот совет за членови на УО на Академијата избраа свои членови, кои патем се и сестра на пратеничка од СДС, мајка на советничка од СДС и братучетка на полициски началник од времето на СДС“, кажа Петрушевски.

Ги повика и Судскиот совет и Советот на јавни обвинители да ги преиспитаат своите одлуки, зошто во спротивно, како што рече ќе бидат директно одговорни за нарушување на кредибилитетот на правосудните органи.

Според него овие незаконски и партиски назначувања се доказ зошто се потребни реформи во правосудството.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK