Крис Мартин, фронтменот на Coldplay, паднал во дупка на сцената додека настапуваше со бендот во Мелбурн.
Мартин и се обраќаше на публиката и одеше наназад, кога падна во голема дупка на бината.
The moment Chris Martin fell through a trapdoor right in front of me at the #Coldplay concert tonight. pic.twitter.com/qIdzMEGG0s
— Greg Briggs (@greg__briggs) November 3, 2024
Видеото од неговиот пад стана вирално на социјалните мрежи. Внатре во отворот стоел член на персоналот кој го фатил пејачот.
„Ова не беше планирано. Ви благодариме што ме фативте“, рече Крис.
„Тоа беше речиси момент за на YouTube“, додаде тој. Крис брзо излезе од дупката и не беше повреден.