Се продолжува рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности од културата за 2025 година

ministerstvo-za-kultura-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерството за култура и туризам информира дека поради техничките проблеми кои настанаа поради преоптоварување на системот, рокот за аплицирање на Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес по одделни области и активности во културата за 2025 година се продолжува до 5 ноември (вторник), до 16:00 часот.


Потенцираат сите заинтересирани апликанти да обрнат особено внимание и да аплицираат во соодветните пријави и во соодветните дејности, во смисла на избегнување на можноста за евентуално неподдржување на одреден проект или активност поради несоодветно пополнета апликација.

Пријавувањето на Годишните конкурси се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, стои во соопштението од Министерството за култура.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK