Мајк Ејмсбери е исфрлен од Лабуристичката партија откако удрил човек на улица, што било снимено од камери за видео надзор.
„Мајк Ејмсбери и помага на полицијата во Чешир во истрагата по инцидентот во петокот вечерта. Во очекување на истрагата, Ејмсбери е административно суспендиран од членството во Лабуристичката партија“, рече портпаролот на Лабуристичката партија.
Who thinks Labour MP Mike Amesbury should RESIGN ? @MikeAmesburyMP
He attacked one of his constituents in a taxi queue … we cannot have violent thugs as MP’s pic.twitter.com/k6Qw3un5Vf— WeGotitBack 🏴🇬🇧🇺🇸 (@NotFarLeftAtAll) October 27, 2024
Снимката објавена вчера, покажува како пратеникот на Ранкорн и Хелсби го удира човекот, кој потоа паѓа на подот, пред да го удри уште неколку пати. Тројца случајни минувачи потоа дошле и интервенирале меѓу двајцата мажи.
„Педесет и петгодишен маж беше сослушан во полиција во врска со овој инцидент. Тој потоа беше ослободен во очекување на понатамошна истрага“, кратко соопшти полицијата.
„Мајк Ејмсбери мора да одговори на прашањата за неговото однесување и правилно е тоа да биде темелно истражено“, рече портпаролот на Конзервативната партија.