Без победник (2:2) заврши големото дерби во Премиер лигата меѓу Арсенал и Ливерпул. Нерешениот резултат на „Емирејтс“ го врати Манчестер сити на челната позиција. „Граѓаните имаат 23 бода, еден повеќе од Ливерпул, Аесенал е на третата позиција со 18.
Арсенал блескаше во првиот дел, константно напаѓаа играчите на Микел Артета и овој дел од натпреварот го завршија со предност 2:1.
Сака погоди за Арсенал во деветтата минута, Ливерпул изедначи во 18. преку Ван Дајк. Во финишот на првиот дел во 43.минута Мерино ја врати предноста на страна на домашниот тим.
Вториот дел во целост му припадна на Ливерпул. Подобрата игра ја крунисаа со голот на Салах во 81.минута.