Во глобалната автомобилска индустрија, Geely целосно го менува погледот на кинеските автомобили, така што го направи она што многумина го сметаа за невозможен подвиг — влезе меѓу десетте најголеми автомобилски производители на глобално ниво. Со продадени 730 000 возила во првиот квартал од 2024 година, Geely, за првпат, ја надмина продажбата на водечките европски играчи, вклучувајќи ги Mercedes-Benz и BMW, и го освои своето место меѓу глобалните автомобилски гиганти, пишува uk.motor1.com.
Сместен на десеттото место, Geely го привлече вниманието на индустриските аналитичари и медиумите како првиот кинески производител кој се проби на ова ниво на глобалниот пазар. За разлика од многуте кинески производители, Geely постигна успех не само со забрзувачко зголемување на производството, туку и со промислена стратегија која се заснова на меѓународен квалитет и уникатни брендови. Во истиот период лани, Geely беше на дванаесеттото место, што значи дека искачувањето до десеттото место е поттикнато со зголемување на обемот на продажба од 27 отсто, и тоа продажба на Geely во странство, извозот порасна за 43 отсто.
Ова покажува дека брендот веќе создава свој идентитет на европските и азиските пазари. Порастот на продажбата доаѓа и како резултат на широката палета на брендови кои ги поседува Geely, вклучувајќи ги познатите марки како Volvo, Lotus, Lynk&Co и електричниот бренд Polestar, со што се позиционираат како глобален производител кој нуди разноликост и иновации.
Во третиот квартал од годината, Европа забележа пад на продажбата на автомобили во споредба со истиот период лани за 18,3 отсто помалку. Намалувањето на продажбата е регистрирано на сите четири европски водечки пазари, германскиот, италијанскиот, францускиот и шпанскиот, а во истиот период Македонија забележа раст на продажбата на автомобили за околу 50 проценти во споредба со лани. Светскиот тренд на зголемена побарувачка на Geely е видлив и кај нас, со неговото растечко присуство на нашиот пазар и по градските сообраќајници.
Интересно е тоа што Geely ги достигна овие резултати само со два модели, додека во 2025 година се очекува да бидат постапни за продажба повеќе од 5 модели. Прво се очекуваат Geely Starray, кој првпат беше претставен во Македонија и целосно електричниот EX5, како и plug-in хибрид моделот кој што се очекува да пристигне на нашиот пазар до крајот на 2025 година.
Влезот на Geely меѓу најдобрите десет претставува нова реалност за светската автомобилска индустрија, во која кинеските брендови не само што се присутни, туку и активно се натпреваруваат со долгогодишните глобални лидери. Овој успех се смета за симболичен чекор во насока на доминацијата на кинеските производители на светскиот автомобилски пазар, особено во секторот на електрични возила, каде кинеските компании сè повеќе го зацврстуваат своето место.