Зеленски: Русија наскоро ќе ги испрати Севернокорејците во борбените зони, ова е ескалација

zelenski-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира да распореди севернокорејски трупи во борбените зони од 27 до 28 октомври, повикувајќи се на разузнавачки информации.


„Според разузнавачките податоци, се очекува Русија да ги распореди првите севернокорејски војници во борбените зони на 27-28 октомври. Ова претставува руска ескалација“, напиша Зеленски на „Икс“ откако ја доби информацијата од врховниот командант.

Зеленски не појасни во кои борбени зони треба да бидат испратени севернокорејските војници, ниту пак даде други детали.

Украинската воена разузнавачка служба вчера соопшти дека првите севернокорејски војници веќе биле забележани во руската погранична област Курск, каде што украинската армија оперира од инвазијата во август.

Околу 12.000 севернокорејски војници, од кои 500 офицери и тројца генерали, веќе се во Русија и нивната обука се изведува во пет воени бази, соопшти разузнавачката служба.

Рускиот претседател Владимир Путин вчера изјави дека зависи од Москва како ќе го спроведе договорот за партнерство со Пјонгјанг, за кој нагласи дека вклучува клаузула за взаемна помош за секоја страна за да и помогне на другата да одбие надворешна агресија.

Путин не негираше дека севернокорејските војници се во Русија.

„Ова е наша работа“, нагласи тој. Западните сојузници велат дека нивното учество во конфликтот во Украина би било голема ескалација.

Зеленски смета дека Западот не треба да реагира на вклучувањето на Северна Кореја „со рамнодушност или нејасни коментари, туку со опиплив притисок и врз Москва и врз Пјонгјанг“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK