„Made of Us” – Време е за ново патешествие низ ЕУ и Западен Балкан

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Програмата „WeBalkans“ (webalkans.eu) започнува со второто издание на кампањата „Создадено од нас“ („Made of Us“), која ќе се одвива 23.-31. октомври 2024 година. Во рамките на оваа динамична иницијатива, 12 инфлуенсери од ЕУ и Западен Балкан ќе тргнат на возбудливо патување низ шест земји-членки на ЕУ. По претходното издание, кое го одбележа патување низ Западен Балкан, овогодинешната кампања ќе ги однесе следачите на пат низ земјите кои ѝ се придружија на ЕУ за време на последното проширување, со цел да се истакнат придобивките од членството во ЕУ. Следејќи го патувањето низ призмата и приказните на инфлуенсерите, следачите ќе дознаат на кој начин младите може да поттикнат слична преобразба на Западен Балкан.

Преку нивните содржини, инфлуенсерите ќе ги зголемат информираноста и ентузијазмот за интеграција во Европската Унија кај младите и жителите на Западен Балкан, поттикнати од неодамнешниот напредок во процесот на интеграција во ЕУ и иновативниот План за раст на ЕУ.



На почетниот настан во Брисел, на инфлуенсерите им посака добре дојде Валентина Суперти, директорка за Западен Балкан при Генералниот директорат за соседство и преговори за проширување (DG NEAR) на Европската комисија:

„Гледаме како со Планот за раст на ЕУ насекаде се отвораат нови можности – и тоа не само во однос на политиката, туку и реални економски, дигитални и образовни можности за преобразба на Западен Балкан.“

И инфлуенсерите испратија јасна порака за нивната мисија за патувањето:

„Во синиот тим, воодушевени сме што имаме можност да ја прикажеме силната поврзаност помеѓу Западен Балкан и Европската Унија. Возбудени сме што можеме да го споделиме духот на нашиот обединет тим со нашите следачи. Преполни со силна желба и ентузијазам, уверени сме дека ќе си поминеме одлично, раскажувајќи интересни приказни за време на патувањето. Напред за синиот тим!“

Синиот тим го сочинуваат Флорета Лелав Хајдарај од Италија, Лука Бојановиќ од Црна Гора, Томислав Панчиров од Хрватска, Јелена Спенџарска од Северна Македонија, Јуш Чоп од Словенија и Агнеса Сејдиу од Косово, коишто ќе патуваат низ Хрватска, Словенија и Италија.

„Жолтиот тим е подготвен да тргне на ова патување со неверојатна енергија, креативност и страст, и да се справи со сите предизвици за време на кампањата „Создадено од нас“. Не сме дојдени само да учествуваме, туку и да водиме, иновираме и оставиме свој белег,“ велат од жолтиот тим.

Жолтиот тим го сочинуваат Тамас Мајер од Унгарија, Џорџина Рочи од Албанија, Лаура Фалкез од Австрија, Лука Алериќ од Србија, Мартин Јакубис од Словачка и Фарах Хаџиабдиќ од Босна и Херцеговина, коишто ќе патуваат низ Унгарија, Словачка и Австрија.

Тимовите ќе учествуваат во низа интерактивни предизвици и потраги кои ги отсликуваат основните вредности на ЕУ за единство и соработка. Следете ги секојдневно авантурите преку објавите на социјалните мрежи, достапни на англиски јазик и на јазиците на земјите од Западен Балкан. Поддржете го вашиот омилен син или жолт тим, гласајќи за интерактивните предизвици на „WeBalkans“ (webalkans.eu) на каналите на социјалните мрежи.

Придружете се на патувањето низ ЕУ и Западен Балкан!

Следете го патувањето преку нашите хаштагови:

#MadeOfUsTeamBlue #MadeOfUsTeamYellow

#MadeOfUs #EUandYOU #WeBalkans

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK