Експлозија во Тојота во Болоња: двајца работници загинаа, неколку се повредени

3ba69cb9-ae0c-4435-a6cc-15f515972abc.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во попладневните часови, во фабриката „Toyota Material Handling“ во Болоња се случи силна експлозија која однесе два животи, а повредени уште неколку работници.


Експлозијата одекнала нешто по 17 часот, а работниците и жителите во околината почувствувале силен удар, како земјотрес, раскажуваат.

Жртвите се Лоренцо Кубело (37) и Фабио Тоси (34), двајцата од Болоња, вработени во фабриката. Двајца работници се во тешка состојба, додека другите се здобиле со полесни повреди и се пренесени во болницата Маџоре.ж

Експлозијата се случила во магацинот на фабриката, каде во моментот на несреќата имало 300 работници. Според првичните информации, експлозијата најверојатно била предизвикана од дефект на компресорот.

Итната помош и пожарникарите веднаш пристигнаа на местото на настанот, а градоначалникот на Болоња, Матео Лепор, ја посети фабриката и им изрази сочувство и поддршка на семејствата на настраданите.

По експлозијата, пред фабриката се собрале загрижените членови на семејството и соработниците кои биле внатре во зградата во моментот на несреќата.

Градоначалникот ја нарече трагедијата уште една во низата страдања на работното место, апелирајќи на потреба од поголема безбедност и заштита на работниците.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK