Поранешниот американски претседател Барак Обама го започна својот говор на митингот за поддршка на демократската претседателска кандидатка Камала Харис во Детроит со рапување на стиховите од песната „Lose Yourself“ на раперот попознат по уметничкото име Еминем.
Еминем, кој исто така беше на митингот, го поздрави Обама на бината, укажа на важноста на изборите и ги повика граѓаните да го искористат својот глас, објави магазинот „Пипл“.
-„Сметаме дека е важно да го кажеме нашето мислење и дека не треба да се плашиме од последиците поради тоа“, изјави раперот.
Еминем претходно ја поддржуваше политичката кариера на Обама, а сега повторно повика на активно учество на граѓаните на изборите.
Песната „Lose Yourself“ ги освои наградите Греми во 2004 година за најдобра рап песна и најдобра машка рап соло изведба.