Продолжува проектот субвенционирано пливање за ученици од основни и средни училишта

462562813_28149867801279409_518619343435131252_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска на затворениот градски базен во Куманово се одржа презентација на час по пливање, во рамки на проектот кој продолжува и оваа учебна 2024/25 година.
Субвенционираните наставни и воннаставни пливачки активности за ученици од општинските основни и средни училишта, ги организира Секторот за образование при Општина Куманово, со цел да се стекнат навики за здрав и активен живот кај децата од најрана возраст.
Бесплатните часови за пливање ќе ги водат наставници по физичко и здравствено образование, по утврден распоред на термини во две смени.
Организирана е и обука за наставници кои ќе имаат настава со ученици со посебни потреби.
Досега се пријавени 1100 ученици од општинските училишта.
На денешниот промотивен настан присуствуваа градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски.


The post Продолжува проектот субвенционирано пливање за ученици од основни и средни училишта first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK