“Нашите легенди” – Еразмус+ проект на ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Учениците и наставниците од ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово, се домаќини на третиот модул од Eразмус + проектот на тема “Нашите легенди” (Legend of us), кој ќе заврши во ноември оваа година, со последната етапа во Турција. Во рамка на проектните активности опфатени се настани и легенди – херои,  поврзани со историјата на земјите учеснички, Македонија, Турција, Малта и координаторот Германија.Учениците креираат работилници и презентации во духот на традицијата, низ драмски и музички сценски игри и ора, карактеристични за поднебјето од каде доаѓаат.Предвидени се работни екскурзии во Скопје и Охрид, каде учесниците ќе имаат можност да посетат повеќе културно – историски споменици. Претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска и раководителот на Секторот за образование при Општината, Александар Јовановиќ, денеска примија група на ученици и наставници, претставници од проектот, посакувајќи им успешна работа и пријатен претстој во Куманово.






The post “Нашите легенди” – Еразмус+ проект на ООУ “Крсте Мисирков” – Куманово first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK