Исчезна стружанец, отишол да бере печурки

potraga-kuce-800x360.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Регионалниот ЦУК Охрид, информира дека од Полициска станица Струга известиле дека има пријава на исчезнато лице од Струга, имено лицето К.М. од својот дом на 20.10.2024 год се упатил во село Брчево (Општина Струга) на берење печурки, но до овој момент не е вратен ниту можеле да воспостават контакт со истиот.


Во полициската станица Струга како исчезнат го пријавил неговиот брат Љ.М.

„Во текот на вчерашниот ден, доцна попладне во 18:38 часот оперативниот центар на ПСС беше алармиран од МВР секторот за потраги по исчезнати лица, дека во реонот на село Брчево, исчезнат е жител на Струга (60 годишна возраст), со потекло од селото, кој претходниот ден се упатил да собира шумски плодови и се до 16.30ч. (според соседите од селото) не се вратил во својата викенд куќа.

Три члена екипа од ПСС при Црвен крст Охрид и водич на куче за пребарување од здружението „Куче Спасител“ од Охрид, во координација со Струшката полиција, од утрово се на терен во обид да се лоцира исчезнатото лице“, извести Црвениот крст од Охрид.

Акцијата е во тек.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK