Почина фронтменот на легендарната група Ајрон Мејден

Screenshot-2024-10-21-191959.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На 67-годишна возраст почина Пол Ди’Ано, поранешниот фронтмен на Iron Maiden. Музичарот починал во својот дом во Солсбери.


„Во име на неговото семејство, Conquest Music со тага ја потврдува смртта на Пол Ендрјус, професионално познат како Пол Ди’Ано“, објави неговата издавачка куќа Conquest Music, во соопштението објавено од британскиот Метро.

Пол Ди’Ано е роден на 17 мај 1958 година во Лондон, а со групата Ајрон Мејден настапува од 1978 година.

Најпрво настапуваа во локалните пабови во Лондон, а во 1981 година го снимија албумот „Killers“ и заминаа на светска турнеја.

На крајот на оваа турнеја, Ди’Ано го напушти бендот и се сврте кон соло кариера.

По напуштањето на Iron Maiden, Ди’Ано ја продолжи својата музичка кариера со различни бендови и соло проекти.

Најпознати меѓу нив се Battlezone и Killers. Иако никогаш не го постигна комерцијалниот успех што го имаше со Iron Maiden, Ди’Ано остана активен на метал сцената, станувајќи икона меѓу љубителите на постариот звук на хеви металот.

Ди’Ано е познат по својата автентичност и отвореност, честопати зборувајќи за своите минати проблеми и предизвици што ги имал во музичката индустрија.

И покрај тоа што неговата здравствена состојба се влошуваше со текот на годините, тој продолжи да настапува, а во 2016 година мораше да оди на операција на коленото, поради што некое време се оддалечи од сцената.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK