Поранешниот претседател на Албанија и лидер на Партијата на слободата, Илир Мета, денеска е уапсен во Тирана по налог на Специјалното обвинителство за корупција и организиран криминал (СПАК) на таа земја.
Уапсен е на влезот во Тирана додека се возел до местото каде требало да одржи прес-конференција, а според последните информации, најверојатно е уапсен поради случајот со кој се поврзувал за корупција и одбивање да пријави имот, пренесува „Јуроњуз Албанија“.
🇦🇱 Albania’s former president and prime minister, Ilir Meta, was arrested today.
Meta is the leader of the Freedom Party, the third-largest in Albania.
With Meta’s arrest, all major opposition leaders, including the Democratic Party’s Sali Berisha, have now been arrested. pic.twitter.com/yKDYZS7vHY
— kos_data (@kos_data) October 21, 2024
Оваа вест ја потврди и поранешниот премиер Сали Бериша, кој рече дека станува збор за политичко апсење.
-Политичкиот прогон на Илир Мета е политички, политички и само политички. Тие не објавија никакви факти, никакви документи, но ги извршија наредбите на албанскиот премиер Еди Рама, кој со сите средства политички, а можеби и физички се обиде да го елиминира Илир Мета. Еди Рама, како што во минатото осудував, е вмешан во исчезнување на лица на незаконски, противуставен начин – рече Бериша, пренесува медиумот.
Илир Мета претходно неколкупати беше повикан во Обвинителството од СПАК, поради случајот ЧЕЗ ДИА, кој се однесува на имотна истрага и лобирање.
Мета најави дека денеска попладне ќе одржи прес-конференција, но пред тоа е уапсен, пишува „Албанијан пост“.
Претходно, австрискиот весник „Кронен цајтунг“ објави дека Илир Мета и ЛСИ (сега Партија на слободата) платиле 700.000 долари за лобирање во Соединетите Американски Држави.